ЗА НАС
Современ Дом АД
Дополнително Друштвото поседува и деловни објекти во Кичево, Неготино, Ресен Струга, и Охрид наменети за изнајмување на други корисници со вкупна површина од 1930 квадратни метри.
Професионални
Ефикасни


Мисија
Сигурност
Лојалност
Општествена Одговорност



Историја
Во 1989 година ДИК “Црн Бор” се дели на повеќе друштва според карактерот на дејностите, па така се формира и Современ Дом А.Д Прилеп. Со одлука донесена во Јуни 1991 година, претпријатието се трансформира во Акционерско друштво во мешовита сопственост со основна дејност производство на мебел. Во 1996 година компанијата добива нов назив- Акционерско друштво за производство и трговија со корпусен, тапациран мебел и градежна столарија Современ Дом увоз-извоз Прилеп.
21виот век компанијата го започнува со усогласување согласно Законот за Трговски друштва и упис на компанијата во Април 2003 година. Основна дејност на Современ Дом А.Д. Прилеп до основањето била производство и промет на мебел и производи од дрво.
Во 2003 година по завршувањето на стечајната постапка, запрено е производството на мебел и производи на дрво. Со консолидацијата на сопственичката структура во 2004 година компанијата започнува со издавање на веќе изградените објекти под закуп како и распродажба на преостанатите залихи на мебел и производи од дрво. Со пренасочување на бизнисот во насока на издавање и продажба на деловни објекти, се удрени темелите на денешниот Современ Дом А.Д.
Во 2006 година компанијата започнува нова бизнис линија, современо производство на чевли за странски пазар (лон-производство), за што е направена адаптација на деловните објекти во Скопје со површина од 2860 м2 како и инсталација на опрема за производство. Кон крајот на 2011 година компанијата се вклучува и во сопствено производство на чевли преку стекнатото знаење од италијаските фирми за кои претходно се произведувале чевли. Продажбата на готовите чевли компанијата го извршува во сопствени објекти во главниот град Скопје.
Во Април 2012 година Современ Дом А.Д. склучува договор за соработка со Француската фирма ZANNIER S.A.S за увоз на детска облека и обувки, кои се наменети за комисиона продажба на домашниот пазар. но и соседни земји. Во 2013 година како резултат на намалената куповна моќ на населението и доцнењето на плаќањата од страна на купувачите на големо, компанијата одлучува да го запре производството и продажбата на чевли и детска облека, и целиот свој фокус да го усмери кон управување и изнајмување на деловен простор низ целата територија на државата.
Од 2014 до 2018 година компанијата се фокусира на менаџирање на своите деловни објекти во целата држава и инвестирање во истите. Во текот на овие години започнуваат преговорите и обидите за превземање на една од најголемите приватни компании за изнајмување и управување на недвижен имот и управуавње со зелени пазари во град Скопје, Скопски Пазар А.Д. Скопје. Во текот на 2020 година со почетокот наепидемијата компанијата се наоѓа пред голем предизвик- успешно менаџирање на побарувања и обврските од и кон купувачите со оглед на затварањето на објектите на ниво на цела држава.
Во 2021 Современ Дом А.Д. заедно со својот партнер ЗСФ-КОМ Дооел го превземаат акционерското друштво Скопски Пазар и се јавуваат како најголеми акционери со вкупно 77,52% од акциите.
Во 2023 година Современ Дом А.Д. инвестира во фотоволтаици на своите објкети во комплексот Газела со инсталирана моќ од 350 kW. Ваков тип на енергетски ефикасни проекти компанијата продолжува да интегрира во своите инвестициски планови и во текот на 2024 година.
Организациска шема
